Досега Борче Серафимовски ја извршување функцијата државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Покрај овој негов работен ангажман, во биографијата доставена во Собранието, во делот „Работно искуство“ е наведено и дека од 2004 до 2025 година бил генерален директор, односно заменик-претседател на Управниот одбор на Меѓународниот славјански универзитет Свети Николе
Инаку, образовните референци велат дека тој во Бугарија има завршено факултет, постдипломски студии, а таму одбранил и докторат
Како мајчин јазик во биографијата на Серафимовски стои дека му е македонскиот, а од останати јазици е наведено дека одлично пишува, чита и говори англиски, руски и бугарски јазик
Дали Борче Серафимовски кој е предложен за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во рамкиите на реконструкцијата на Владата поседува бугарски пасош?

Ова беше едно од прашањата што денеска му беше поставено на премиерот Христијан Мицкоски по неговата посета на општина Бутел каде присустуваше почетокот на изградба на затворен базен. Притоа, новинарот ги спомна Меѓународниот славјански универзитет Свети Николе и името „Св. Кирил и Методиј” иако контекстот на прашањето не беше најјасен.
Одговорот на премиерот не беше обемен. Кажа дека предложениот кандидат за прв човек во Министрството за земјоделство, шумарство и водостопанство не го прашал колку државјанства има, туку му е вежно тоа што Серафимовски во разговорот што го имале покажал дека има план и визија за секторот со кој треба да роководи. Тоа, додаде премиерот, е она што нему како претседател на Владата му е важно, а истовремено е став кој е важен и за земјоделците.
„Предлогот за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство кој доаѓа како државен секретар во истото министерство не сум го прашал дали има двојно, тројно или не знам какво државјанство. Од она кое што успеав со него да разговарам гледам дека има план, дека има визија, понатаму во ресорот во кој ќе има многу предизвици во периодот којшто следи. Така што, ете тоа е она што мене ми е важно и кое што е важно за земјоделците“,
изјави Мицкоски.
Борче Серафимовски е предложен за нов министер во ресорот Земјоделство, како кадар на коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, ЗНАМ на кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Досега Серафимовски ја извршување функцијата државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Покрај овој негов работен ангажман, во биографијата доставена во материјалите за владината реконструкцијата во Собранието, во делот „Работно искуство“ е наведено и дека од 2004 до 2025 година бил генерален директор, односно заменик-претседател на Управниот одбор на Меѓународниот Славјански Универзитет Свети Николе.
Со ова , најверојатно, беше поврзано прашањето што му беше поставено на премиерот.
За врските на Меѓународниот Славјански Универзитет со Бугарија пишува новинската агенција Мета во февруари 2023 година. Во написот се наведува дека Државниот бугарски универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново официјално ја отворил својата прва филијала во странство односно во земјава со регистрација во Централниот регистар на РС Македонија од 14 септември 2022 година. Влезот на бугарскиот државен универзитет во Македонија тогаш бил одобрен од двете влади – македонската и бугарската, со позитивно мислење од Одборот за акредитација при Агенцијата за квалитет на високото образование (АКВО).
Како што се наведува во написот, станува збор за јавно-приватно партнерство меѓу државниот бугарски Великотрновски универзитет „Св.Кирил и Методиј“ (ВТУ) и македонскиот приватен Меѓународен славјански универзитет.
Во Централниот регистар на РСМ подружницата на бугарскиот државен универзитет, пишува агенцијата, е запишана во Свети Николе, на истото место каде е регистриран и работи приватниот Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“. Се додава дека директор е Борче Серафимовски, кој ја врши функцијата и заменик-претседател на Управниот одбор на светиниколскиот универзитет.
Отворањето на подружницата на бугарскиот универзитет во Македонија, како што наведува Мета, го следеле контроверзии со името кое е речиси идентично со најстариот македонски државен универзитет, „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
Инаку, кандидатот за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, е доктор на науки токму од Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Серафимовски завршил додипломски студии на отсекот бизнис-менаџмент на Варненскиот слободен универзитет „Црноризец Храбар“ во Варна, Бугарија. Образованието го продолжил на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград, каде што магистрирал меѓународни односи на Правно-историскиот факултет. Серафимовски докторирал на Стопанскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во бугарскиот град Велико Трново, каде што се стекнал со звањето доктор по организациски науки.

Овие референци од неговата образовна биографија се наведени и во материјалот со предлозите за избор на нови членови на Владата, што вчера беше доставен во Собранието.
Во биографијата може да се прочита и дека има објавено четири научни труда од кои два во 2023, еден во 2024 и еден минатата 2025 година. Безмалку сите се однесуваат на лидерски и мотивациски вештини.

Како мајчин јазик во биографијата на Серафирмовски стои дека му е македонскиот, а од останати јазици е наведено дека одлично пишува, чита и говори англиски, руски и бугарски јазик.
„Станува збор за човек кој ги обединува академското знаење, менаџерското искуство и практичното познавање на системот. Тој и самиот е земјоделец. Доктор е по организациски науки, магистер по меѓународни односи, дипломиран бизнисмен менаџер и дипломиран дефендолог“,
изјави лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски на 30 јуни обзнанувајќи дека неговата партија ќе го преземе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
