Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека Законот за употреба на јазиците е правна дивоградба и најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи амандмани, согласно со забелешките на Венецијанската комисија. Тврди дека целта е законот да стане усогласен со Уставот и ја повика власта да ги поддржи амандманите.
„ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на Законот за употреба на јазиците кои пред сѐ ќе ги содржат забелешките на Венецијанската комисија и ќе бидат во согласност со Уставот на Македонија. Еден неуставен закон да го направиме уставен, но духот на европските практики, содржани во забелешките на Венецијанската комисија. Никој во оваа држава да не се чувствува оштетена страна и затоа овие амандмани треба да бидат поддржани од власта, од Заев и од коалицијата која ја предводи, со што ќе се демонстрира зрелост и ќе се покаже дека нема да има компромиси со правото. Во спротивно, ќе се одбере популизмот, во надеж на нови измами“,
рече Мицкоски на денешната прес-конференција.
Венецијанската комисија предупреди дека со Законот за јазиците се наметнуваат нереални правни обврски за институциите, особено осврнувајќи се на примената на албанскиот јазик во судските постапки.
Премиерот Зоран Заев првично кажа дека Министерството за правда во координација со Венецијанската комисија ќе подготви измени во Законот за јазиците. Вчера, вицепремирот за европски прашања Бујар Османи вчера предупреди дека секое отворање на Законот без консензус ќе значи враќање во 2001, пред Рамковниот договор. По жестоката прес-конференција на Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, но и премиерот Зоран Заев најавија дека власта заеднички ќе ги утврдува следните чекори околу Законот.