Изјавата на премиерот следува откако претходно денеска поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи го обвини Мицкоски за китење со туѓи перја во однос на инвестицијата на германската компанија „Епсотек“ која во земјава ќе инвестира во изградба на нов производствен погон
Навистина му благодарам на господинот Битиќи кој додека работел овде ја фасилитирал инвестицијата и жалам што не успеал да го направи тоа до крај, но, еве, дојде нова влада која за две недели направи нешто што тој не успеа за четири години да го направи за оваа инвестиција да стане реалност.
Изјавата на премиерот следува откако претходно денеска поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи го обвини Мицкоски за китење со туѓи перја во однос на инвестицијата на германската компанија „Епсотек“ која во земјава ќе инвестира во изградба на нов производствен погон.
„Се надевам дека во август ќе можеме заедно да уживаме во нов камен-темелник, нови, за почеток, 110 работни места, десетици милиони извоз и до дваесетина милиони евроинвестиција. Се надевам дека во периодот што следува ќе бидете сведоци на уште такви инвестиции, што оваа влада за неколку недели ќе го направи тоа што претходната влада и господинот што тоа го кажува не успеаја за четири години да го направат“,
рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.
Во објавата на Фејсбук од утринава, Битиќи посочува дека заедно со германски „Епсотек“ има уште шест други инвестиции за кои се изработени договори за поддршка и кои го чекаат последниот филтер во Комисијата за заштита на конкурентноста, а кои досега не биле објавени во јавноста од, како што вели, принципиелни причини.