„Разговаравме за досега постигнатите резултати, тековните активности и следните чекори за исполнување на реформските обврски“, објави премиерот Христијан Мицкоски по средбата
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска заедно со министрите во Владата одржале брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и им ги соопштиле достигнувањата во реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во евроинтеграцискиот процес на државата.

„Разговаравме за досега постигнатите резултати, тековните активности и следните чекори за исполнување на реформските обврски. Заеднички ја потврдивме важноста од континуирана соработка, транспарентен дијалог и ефикасно спроведување на реформите што ќе придонесат за посилни институции, подобро владеење и забрзување на европскиот пат на Македонија“,
информира премиерот.
Мицкоски додава дека Владата и натаму останува посветена на реформите кои, како што вели, носат конкретни придобивки за граѓаните и ја зацврстуваат европската перспектива на државата.
