Според него, европратениците треба да го поддржат и оној амандман во кој се нотираат придобивките и напредокот, но и оној дел каде што протоколите не се составен дел од Преговарачката рамка, што додаде дека треба да се нотира
„За жал, кај нас понекогаш вината треба да ја бараме и помеѓу нас. Имавме такви политичари и медиокритети што во минатото им направија штета и на граѓаните и на државата, но затоа имаме нова генерација и тука и во Европскиот парламент која е подготвена таа штета да ја исправи“, кажа тој
Ако Европа сака да го задржи својот кредибилитет, треба да ги исправи неправдите што се нанесени кон Македонија како држава. Ова денеска го рече премиерот Христијан Мицкоски при посетата на реконструираната Општа болница во Струмица, посочувајќи дека европратениците треба да го поддржат амандманот во кој билатералните протоколи се исклучуваат како формален составен дел од преговарачката рамка на Северна Македонија со Европската Унија.

„Европратениците треба да го поддржат и оној амандман во кој се нотираат придобивките и напредокот, но и оној дел каде што протоколите не се составен дел од Преговарачката рамка, што треба да се нотира“,
вели тој.
Мицкоски ги повика европратениците да се придржуваат до европските вредности дефинирани од Роберт Шуман, Конрад Аденауер и Алчиде де Гаспери при формирањето на Европската Унија.
„За жал, кај нас понекогаш вината треба да ја бараме и помеѓу нас. Имавме такви политичари и медиокритети што во минатото направија штета и на граѓаните и на државата, но затоа имаме нова генерација и тука и во Европскиот парламент која е подготвена таа штета да ја исправи“,
рече Мицкоски.
Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур треба да гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија на известувачот за нашата земја, европратеникот Томас Вајц.
Известувачот за Северна Македонија, Томас Вајц, презентирајќи го извештајот за напредокот на државата, рече дека и покрај предизвиците, две земји во регионот успеале да избегнат масовно насилство – Црна Гора и Северна Македонија, посочувајќи дека токму овие држави имаат потенцијал да бидат меѓу водечките во процесот на проширување.
Иако реформите во земјите кандидати, како што рече, не се спроведуваат со посакуваната брзина, сепак, додаде дека и ЕУ треба да ги признае сопствените пропусти во исполнувањето на дадените ветувања и да го засили процесот преку делумна интеграција во единствениот пазар, роаминг-политиките и Единствената европска платежна зона.
Оцени дека пристапувањето на регионот носи значајни безбедносни и економски придобивки за Европската Унија, додавајќи дека по Црна Гора и Албанија, Северна Македонија би можела да биде следната земја која ќе се приклучи кон Унијата.
На вчерашната дебатата беше отворено и прашањето за еден од амандманите вклучен во нацрт-извештајот за земјава.
Според дел од бугарските европратеници, неговото отстранување го предложил известувачот Томас Вајц, кој е член на Зелените во Европскиот парламент. Иако слични формулации постоеја и во претходните извештаи за напредокот на Северна Македонија, некои од европратениците оценија дека нивното бришење не ја менува суштината на обврските што произлегуваат од договорите со Бугарија и преговарачката рамка со ЕУ.
Европратеникот на ГЕРБ/ЕПП, Андреј Ковачев, рече дека преговарачката рамка го вклучува Договорот за добрососедство со Бугарија и придружните протоколи, и дека нацрт-извештајот ја нагласува потребата Заедничката комисија за историски и образовни прашања да работи врз основа на научни и објективни методи.
Европратеникот од Преродба/Европа на суверени нации, Станислав Стојанов, оцени дека предложениот амандман не содржи ништо спорно и дека слични текстови веќе биле дел од претходните извештаи за напредокот на Северна Македонија.
Европатеникот од Има таков народ/Европски конзервативци и реформисти, Ивајло Валчев, рече дека проблемот е што известувачот очигледно се обидува да предложи текст што е прифатлив за властите во Северна Македонија, наместо таков што ќе ја одразува реалната состојба и договорените обврски.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, еден од амандманите вклучени во нацрт-извештајот за Северна Македонија на известувачот Томас Вајц, а кој се однесува на работата на Заедничката историска комисија и на историските споменици во земјата, би можел да не добие поддршка од мнозинството европратеници.
Прашањето веќе предизвика реакции во Бугарија откако бугарската претседателка Илијана Јотова изјави дека постои можност спорниот амандман, кој претходно беше усвоен во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, да биде отфрлен на пленарната седница.
Таа изрази надеж дека во консултациите меѓу политичките групи во Европскиот парламент ќе преовлада ставот амандманот да остане дел од извештајот, нагласувајќи дека неговата содржина произлегува од Протоколот меѓу двете земји, кој е дел од Преговарачката рамка на Северна Македонија со Европската Унија.
