Обраќајќи му се на Реџепи, премиерот рече дека познава многу Албанци кои не сакаат да бидат гледани низ призмата на проценти, туку преку своите квалитети
„За правосудниот испит ако сте го прочитале законот, ќе прочитате таму дека полагањето не е регулирано со законот на кој јазик ќе биде, туку тоа го уредува министерот. Колку министри за правда биле од коалицијата која ја поддржувате, зошто не го уредиле? Затоа што сте лицемерни, затоа што сте патриоти од ‘Али Експрес‘ кога сте во опозиција, а во влада промовирате зелени екоагенди. Во опозиција сакате да создадете етнички конфликт каде што го нема“, кажа премиерот одговарајќи на пратеничко прашање од Реџепи
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека наскоро во Собранието ќе се најде Законот за правична застапеност, оценувајќи дека при вработувањата и застапеноста треба да се става акцент на квалитетот, а не на процентите.
Одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи од „Европскиот фронт“, поврзано со јазичната политика и можни уставни измени, Мицкоски порача дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но обвини оти дел од политичарите се обидуваат да создадат етнички тензии таму каде што, според него, не постојат.

„Многу скоро овде во парламентот ќе имате можност да го гласате Законот за правична застапеност, каде што процентите не се важни, туку квалитетот. Очекувам од вас поддршка“,
рече Мицкоски од собраниската говорница.
Обраќајќи му се на Реџепи, премиерот рече дека познава многу Албанци кои не сакаат да бидат гледани низ призмата на проценти, туку преку своите квалитети.
Осврнувајќи се на прашањето за правосудниот испит, премиерот рече дека во постојниот закон не е регулирано на кој јазик се полага испитот, туку дека тоа го утврдува министерот за правда.
„За правосудниот испит ако сте го прочитале законот, ќе прочитате таму дека полагањето не е регулирано со законот на кој јазик ќе биде, туку тоа го уредува министерот. Колку министри за правда биле од коалицијата која ја поддржувате, зошто не го уредиле? Затоа што сте лицемерни, затоа што сте патриоти од ‘Али Експрес‘ кога сте во опозиција, а во влада промовирате зелени екоагенди. Во опозиција сакате да создадете етнички конфликт каде што го нема“,
кажа премиерот.
Пратеникот Реџепи говореше за одредницата „20 проценти“ поврзана со употребата на албанскиот јазик, како и за наводни навреди изречени кон Албанците. Тој ги спомена Израел и други држави, но и Венецијанската комисија, тврдејќи дека во некои европски држави нејзините мислења не се земаат предвид при носењето закони.
Мицкоски, пак, се огради од ставот на Реџепи дека Израел е геноцидна држава, а истовремено ја бранеше улогата на Венецијанската комисија, оценувајќи дека таа е значајна институција во рамките на европските процеси.
„И сега велите Венецијанската комисија претставувала некое неформално тело. Како претседател на влада морам да кажам, се оградувам од ставот на пратеникот Скендер Реџепи затоа што покажа елементарно непознавање“,
рече тој од собраниската говорница.
Посочи дека во новата методологија на преговори има тела кои се клучни, а едно од нив е Венецијанска комисија. Второто е Европскиот суд за човекови права.
„Венецијанската комисија кажува дали некој закон е согласно меѓународното право, и второ во тој Европски суд за човекови права лежат, фаќаат прашина 14 пресуди за нашето македонско братство, заедница во Бугарија кои Бугарија не ги применува. Очекував да кажете дека стоите позади вашите сограѓани Македонци и заедно ќе се бориме. Така настапува објективен поддржувач на соживотот во мултиетничка Македонија, моја и ваша татковина како Македонец и Албанец. Нашата заедничка татковина така се гради кога ќе се подржуваме едни со други. Јас поддржувам да не се гледаме низ призмата на проценти и затоа ќе имате можност многу скоро во Собрание да го гласате Законот за правична застапеност, каде процентите не се важни туку квалитетот. Очекувам поддршка. Не сакам да ги гледам луѓето низ проценти, туку низ квалитет и низ објективна оптика“,
рече Мицкоски.
Очекувал, како што додаде, од Реџепи пообјективен пристап доколку искрено се залага за мултиетничко општество.
Според него, Македонија треба да се гради како мултиетничка држава преку меѓусебна поддршка и почитување.
„Кога веќе се зборува за мултиетничко општество, неопходно е истовремено да се осудат и навредите искажани на спортски натпревари кон ‘каурите‘, како и неодамнешното исвиркување на државната химна и случаите на неносење на македонското знаме на протести поврзани со правосудниот испит и неговото полагање на албански јазик. Лош пример оставате за оние по вас. Вие сте опозиција и мислите дека на овој начин ќе привлечете внимание“,
вели премиерот.
Во својот говор за Денот на светите браќа Кирил и Методиј, посочи дека јасно го истакнал правото на секој граѓанин да го користи својот мајчин јазик, но дека одредени политички пораки создаваат погрешна слика и непотребни тензии.
Коментирајќи го последниот протест на студентите Албанци, на кој побараа да им се овозможи правосудниот испит да го полагаат на албански јазик, Мицкоски рече дека се прекршени законите и Уставот.
„Мене лично ми пречи што протестантите, кои се правници и се борат за право, го прекршуваат Законот за знамињата, Законот за државната химна, Уставот и така натаму“,
рече тој.
