„Мислам дека господинот Груби има поинаква намера, но јас му посакувам многу успех во неговата политичка кариера и сепак државниот интерес е пред и над се, тука го вклучувам и личниот интерес, некогаш во животот треба да направите и чекор-два назад“, рече Мицкоски.
За уставните измени, првиот вицепремиер Артан груби вчера во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 рече дека освен на гласовите на албанската опозиција, смета и на неколку пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ
Ако се толку сигурни дека имаат 80 пратеници нека ја поднесат иницијативата во парламентот и ќе се види дали го имаат или го немаат потребното двотретинско мнозинство за уставни измени.

Ова денеска за време на посетата на Општина Илиден го изјави денеска лидерот на опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прашан да ја коментира изјавата на првиот вицепремиер Артан Груби дека имаат 80 пратеници за уставните измени.
„Одлично! Супер! Нека ја поднесат предлог иницијативата во парламентот и ќе се види дали имаат или немаат. Зошто тогаш лидерски средби за уставни измени ако имаат 80 пратеници? Мислам дека господинот Груби има поинаква намера, но јас му посакувам многу успех во неговата политичка кариера и сепак државниот интерес е пред и над се, тука го вклучувам и личниот интерес, некогаш во животот треба да направите и чекор два назад“,
рече Мицкоски.
За уставните измени, првиот вицепремиер Артан груби вчера во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 рече дека освен на гласовите на албанската опозиција, смета и на неколку пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако велиме дека имаме 74, ние сме минус шест за уставните измени. Мислам дека сите овие останати 44, со исклучок на двајцата од Левица, се проевропски и проевроатлантски ориентирани и сакаат да ја видат Северна Македонија во Европската унија. Велам дека сум голем оптимист дека ќе имаме повеќе од 80 пратеници за промена на Уставот“,
рече Груби.
Првиот вицепремиер во емисијата најави дека ДУИ ќе се залага, освен за измена на Преамбулата, највисокиот правен акт да претрпи други посериозни измени и за тоа да се отвори сеопфатна општествена дебата.
„Не само прашањето за Преамбулата, туку и други прашања, меѓу кои прашање за 20 отсто, цензусот за референдумот, начинот за избор на претседателот, на пример не на непосредни избори. Да отвориме широка општествена дебата и да направиме вистинска промена на Уставот со сите елементи, не само промена на Преамбулата со вметнување на бугарската, црногорската, хрватската и другите заедници. Не само отстранување на „20%“ и замена со албански јазик, ќе разгледаме и други работи“,
рече Груби.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска се очекува да ги испрати поканите до лидерите на парламентарните партиите за средбата в понеделник во Собранието на РСМ.
Целта на средбата, како што соопштија од владината прес-служба, е да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус.
Ова секако подразбира отворање на Уставот и носење на потребните уставни измени за вметнување на Бугарите и другите народи во Преамбулата.
Потребата за отворање на Уставот за вметнување на Бугарите и другите народи веќе ги отвори апетитите на албанските партии, кои почнаа да лицитираат со свои барања и условувања.