Откако излезе информацијата дека пратеници на СДСМ собираат потписи за свикување на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ смета дека станува збор за носење лични решенија од страна на Зоран Заев, а на штета на државата.
Потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа каков е партискиот став, рече дека тоа ВМРО-ДПМНЕ го соопшти јавно на последната лидерска средба.
„Каков било чекор кој е надвор од договореното и прифатеното од политичките лидери на последната лидерска средба ќе претставува еднострано прекршување на принципот за политички консензус. Очигледно станува збор за две работи, или Заев си влегува во приватни аранжмани и комбинации со пратеници, или пак преголема е желбата да се лови во матно, односно во ек на најголема здравствена и економска криза каде луѓе буквално ги губат своите животи Заев си носи лични еднострани решенија на штета на државата“,
вели Мисајловски.
*Поврзани вести:
СДСМ собира пратенички потписи за Џафери да го свика Собранието
ДПА е за свикување на Собранието и формирање влада на национално единство