На социјалните мрежи жители од Центар, Аеродром и Карпош се жалат дека во нивните домови се чувствува силна миризба на чад
Сè уште е активен шумскиот пожар што денеска избувна на косовска територија, во близина на границата со земјава.

Како што попладнево соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот од косовска страна се проширил и кон скопското село Грачани.
Сулна миризба на чад вечерва се чувствува во повеќе делови од Скопје.
На социјалните мрежи жители од Центар, Аеродром и Карпош се жалат дека во нивните домови се чувствува силна миризба на чад.
Од ЦУК попладнево соопштија дека за гаснењето на пожарот на Косово, земјава испратила полициски хеликоптер кој дејствувал на терен.
Оттаму посочија дека хеликоптерот интервенирал од воздух во регионот на Хани и Елезит давајќи им поддршка на екипите што се борат со огнот.
