„Европските вредности не се само декларација, туку обврска. Правдата мора да важи за сите, без исклучок и без селективност“, додаваат од министерството

Министерството за правда изрази загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, додека во земјава е во сила судска забрана, рекоа денеска од министерството преку соопштение за јавноста. Откако Ива Михаилова од Кочани утрово се појави во Бугарија и покрај тоа што имаше забрана за излез од земјава, бугарската претседателка Илијана Јотова рече дека не знаела за нејзиното доаѓање во Бугарија, но најави можна средба со неа.
Преку соопштение испратено попладнево од Правда велат дека владеењето на правото подразбира еднаквост пред законот, почитување на судските одлуки и доследна примена на правните процедури.
Оттаму сметаат дека националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман или различна примена на законот.
„Како соседни држави посветени на европската перспектива, имаме обврска односите да ги градиме врз заемна доверба, почитување и ефикасна правна соработка. Тоа подразбира и доследно почитување на правните обврски и независноста на судските постапки“,
се вели во соопштението.
Од министерството велат дека особено се важни институционалниот дијалог и соработката, со цел сите отворени прашања да бидат разрешени врз основа на фактите, законите и меѓународните правни механизми
„Европските вредности не се само декларација, туку обврска. Правдата мора да важи за сите, без исклучок и без селективност“,
додаваат од министерството.
Поврзани вести:
- Ива Михаилова успеала да ја помине македонско-бугарската граница – адвокатот не кажува на кој премин
- Ива Михаилова била на стоп-листата на МВР, излез од Македонија не е регистриран
- МВР потврди: Нема евидентиран излез од земјава на Ива Михаилова
- Бугарската полиција не евидентирала легален влез на Ива Михаилова во Бугарија – велат од МВР
- Македонското МНР за бегството на Михаилова: Приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака
- Пасошите на Михаилова ѝ биле одземени уште во октомври лани, Обвинителството не ѝ ги вратило поради ризик од бегство
- СДСМ бара оставка од Тошковски за случајот со Ива Михаилова: Како ја напуштила земјата ако ѝ се одземени двата пасоши?
- Јотова не била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа
- Што ли договори Муцунски во Софија – прашуваат од Левица по бегството на Ива Михаилова
