Министерството за здравство во Секторот за компјутерски криминал во МВР го пријавило доменот vaksajns.mk, кој вчера создаде забуна кај граѓаните за тоа каде треба да се пријават за вакцинација против ковид-19.
Иста е ситуацијата и денеска. Со најава на www.vaksajns.mk, автоматски се отвора страницата www.vakcinacija.mk.


Од МЗ велат дека се работи за упад во официјалната страница на Министерството и поради тоа пријавиле во МВР.
„Единствената веб-страница на која граѓаните преку пополнување на апликација искажуваат интерес за вакцинација против ковид-19 е www.vakcinacija.mk. Страницата која ја посочувате утринава е пријавена во Министерството за внатрешни работи и не е веб-страница зад која стои Министерството за здравство ниту, пак, националниот систем ‘Мој термин’“,
велат од Министерството за здравство за порталот Фактор.
Доменот vaksajns.mk внесе дополнителна забуна, особено кај оние што вчера со часови се обидуваа да се пријават на страницата vakcinacija.mk креирана за оваа намена, која поради технички проблеми бавно ја вршеше регистрацијата, но кон крајот на денот профункционира, со отстранување на безбедносниот кодот што го кочеше пријавувањето.
Досега 23 924 граѓани се пријавиле преку онлајн аликацијата за вакцинирање против ковид-19.