Поради растот на случаи на коронавирус во земјава, од денеска Министерството за здравство еднаш дневно ќе информира за точните статистики и бројки на заболени лица. Информациите ќе се објавуваат до 12 часот и таа бројка ќе се однесува на претходните 24 часа.
„Досега ова го правевме два до три пати во денот, но откако имаме локалана трансмисија и почнуваат да се вршат тестирања на повеќе локации, собирањето на точните бројки и статистики бара повеќе време. Исто така, заради локалната трансмисија и појава на изолирани случаи настрана од кластери на пациенти кои се во ко-релација во Скопје и Дебар, а веројатно истото ќе се случи и на други локации, нема да бидеме во можност за сите случаи да споделуваме информации од епидемиолошката анкета, како што тоа го правевме досега. Ова практично значи дека нема да можеме секогаш да одговориме или информираме за контактите кои заболените ги имале со други лица или колку дополнително луѓе се тестираат како резултат на контакт со секој од новозаболените“,
соопштија од министерството.
Според последните официјални податоци, од вчера попладне има шест нови лица позитивни на коронавирусот, со што бројката се искачи на вкупно 76 заболени во нашата држава.
