Како што објави „360 степени“, клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград го финансира антиамериканска и анти-ЕУ организација на Македонци од дијаспората. Отворањето на на клубот кое е закажано за 30 октомври е финансирано од Глигор Цанев и Минчо Остас од Торонто и Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП)
Треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград, но и во Северна Македонија, рече вчера за БТВ, министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи.
Според него, тоа треба да се провери внимавајќи на чувствителноста на билатералните односи и да се види дали навистина има добронамерност или е дел од туѓа агенда.
Како што објави „360 степени“, клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград го финансира антиамериканска и анти-ЕУ организација на Македонци од дијаспората. Отворањето на на клубот кое е закажано за 30 октомври е финансирано од Глигор Цанев и Минчо Остас од Торонто и Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП).
За двајцата финансиери Цанев и Остас, кои се јавуваат како физички лица, нема јавно достапни податоци за нивните биографии, професии и ангажмани.
Од друга страна, пак, за Македонското меѓународно движење за човекови права (Macedonian Human Rights Movement International) има многу повеќе информации, а здружението има и своја интернет-страница, од која барем, според најголем дел од текстовите, вестите и ставовите објавени на неа, може да се заклучи дека станува збор за организација со изразена антиамериканска, анти-ЕУ и анти-НАТО ориентација.
Организацијата со седиште во Торонто, Канада, чиј претседател е Бил Николов, актуелната власт во С Македонија ја именува како „режим“ и ја обвинува дека не си го одржала зборот дека ќе го „финансира македонскиот културен центар во Пиринска Македонија“ и продолжила да им помага на Бугарија и Грција во потиснувањето на идентитетот и човековите права на македонците низ Балканот.
ВМРО во Бугарија најави дека во недела ќе организира протест во Благоевград, а воедно се очекува навивачите на фудбалскиот тим „Пирин“ да прослават 100 години од неговото формирање. Полицијата во Благоевград презема мерки за да спречи ескалација на овие настани, најави полицискиот комесар во градот Димитар Ичев.