Министерот за економски прашања и регионална соработка во Владата на Република Српска, Златан Клокиќ, е позитивен на коронавирусот, јавува Н1.
Тој се чувствува добро и е во стабилна здравствена состојба, а се наоѓа во домашна изолација.
„Се наоѓа во домашна, куќна изолација. Се чувствувам добро, без никакви симптоми, без покачена температура и без кашлица“,
вели Клокиќ за локалната телевизија АТВ во Бања Лука.
Во Република Српска вчера вечерта беа потврдени нови седум случаи позитивни на коронавирусот.