Ексдиректорот на Шутка, Сашо Мијалков, преноќи во Шутка. Тој е сам во ќелија во притворското одделение на затворот поради здравствените протоколи велат од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, за Алсат М ТВ.
„Притвореното лице е сместено во одделението за издржување мерка притвор. За притворениот се преземаат засилени безбедносни мерки, во согласност со сите процедури и воспоставени стандарди. Дополнително се прават и чести контроли. Веднаш по приемот во установата, поради здравствени протоколи Сашо Мијалков како и сите други нови притворени лица е сместен сам“,
велат од затворот.
Мијалков вчера неправосилно беше осуден на 12 години затвор во предметот „Таргет-Тврдина“. На барање на обвинителството, поради опасност од бегство судот му одреди мерка притвор до правосилност на пресудата, но не подолго од 60 дена.
Причината е што тој се гонеше за три кривични дела за кои максималната затворска казна е до 5 години затвор, па за него беше поднесен обвинителен предлог, а не обвинителен акт. Кога има скратена постапка (обвинителен акт) тогаш по изрекување на пресуда Законот за кривична постапка предвидува дека максимално лицето може да остане во притвор 60 дена.
„Сега обвинителството нека бара некој начин, ако има. Меѓутоа, по Закон за кривична постапка предвидено е притворот да трае 60 дена по изрекување на пресудата којашто беше“,
вели адвокатот Јован Јоанидис за Алсат М.