Една од измените е можноста, некое лице да влезе на територијата на Италија во случај на „стабилна емоционална врска“ со лице кое престојува во земјата, а пристигнува од земји за кои италијанските граници се затворени поради пандемијата
Италијанскиот премиер Џузепе Конте потпиша нов указ со кој превентивните мерки против коронавирусот во Италија се продолжуваат до 7 октомври, соопшти италијанската Влада.
Во новиот декрет се предвидува ноќните клубови и стадионите во Италија да останат затворени.
Меѓу неколкуте измени во споредба со претходната уредба е можноста некое лице да влезе на територијата на Италија во случај на „стабилна емоционална врска“ со лице кое престојува во земјата, а пристигнува од земји за кои италијанските граници се затворени поради пандемијата.
Употребата на заштитната маска е задолжителна во затворен јавен простор но, исто така, и на отворен простор доколку не е можно безбедно растојание.
Поради пандемијата капацитетот на возилата за јавен превоз е ограничен на 80 проценти.
За патниците кои доаѓаат од Хрватска, Малта, Грција и Шпанија, се уште се во сила мерките што предвидуваат задолжителен тест за ковид-19, а за оние кои доаѓаат од Романија и Бугарија, карантинот е задолжителен.