Властите во Париз денеска донесоа уредба со која се забранува џогирање преку ден за да се намали контактот меѓу луѓето и да се спречи ширењето на коронавирусот.
Забраната ќе важи во периодот од 10 до 19 часот, пренесува Би-би-си.
Иако излегувањето е дозволено само под посебни услови, лекарите стравуваат дека голем број луѓе излегуваат преку ден и не се држат до препорачаната дистанца.
Франција вчера забележа огромен број починати од ковид-19 во еден ден – дури 833, додека бројот на заразени е 98 010 лица, а на досега починатите 8 911 лица.