Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се тестирала на новиот коронавирус и сега ги чека резултатите, изјави владиниот портпарол Штефан Зајбер, јави ДПА.
„Канцеларката се чувствува добро. Сега ги чекаме резултатите и потоа ќе видиме што ќе следи“,
изјави Зајбер, кој не знаеше кога резултатите ќе бидат готови.
Медиумите синоќа јавија дека Меркел е во самоизолација откако имала контакт со лекар кој е позитивен на коронавирусот.
*Поврзана вест: Меркел во карантин, нејзин лекар е позитивен на коронавирусот