Германската канцеларка Ангела Меркел од вечерва е сместена во домашна изолација откако се утврди дека нејзин лекар е позитивен на коронавирусот, јавува Дојче Веле.
Портпаролот на германската влада Штефен Сјаберт, потврди дека канцеларката од вечерва е во домашен карантин, но ќе продолжи од дома да ги извршува државничките обврски.
„Канцеларката одлучи да се смести во домашна самоизолација веднаш. Во следните денови и ќе работи од дома“,
соопшти портпаролот на германската влада.
Лекарот, за кој подоцна се потврди дека е заразен со коронавирусот, во петокот ја посетил Меркел.
Според германските медиуми, дополнително ќе биде известено кога ќе се тестира канцеларката, бидејќи во моментов тестот може да не даде точна деијгноза.