Откако од вечерва од 18 часот во Албанија е забрането движење по улиците, седење во паркови и други јавни површини, албанскиот премиер Еди Рама најави дополнителни заслени мерки против ширење на коронавирусот кои предвидуваат целосна забрана за пензионерите да излегуваат од дома.
„Се подготуваме да донесеме одлука за целосна забрана пензионерите да излегуваат од дома, се’ додека оваа војна не заврши! Не можеме да чекаме на совеста на ова малцинство кое продолжува да ги предизвикува правилата, додедувајќи ги во многу голема опасност и себе си и другите“,
напиша на социјалните мрежи Рама,кој како што наведува и самот е во самоизолација.
Посочува дека пензионерите со храна и лекови треба да ги снабдуваат нивните деца,додека оние чии деца не живеат во истиот град,ќе бидат опслужени од државата преку заедничките екипи на општините и владата.
„Ги замолувам сите синови и ќерки на постари родители, направете го невозможното и задржете ги вашите вашите мајки и татковци, вашите баби и дедовци! Да ги оставите да излезат од дома е еднакво како да им ја отвораш вратата да учествуваат на некое бомбардирање“,
порача Рама.