Во скопски Сарај во тек е полициска акција за откривање недозволена трговија со дрога.
Според сознанијата на „360 степени“, акцијата е дел од поширока меѓународна операција против шверц на кокаин во која се вклучени властите на повеќе држави, меѓу кои, Италија и Црна Гора.
Во прашање е шверц на околу еден тон кокаин, од кој, според неофицијални информации, во селото Крушопек, Општина Сарај, завршиле околу еден килограм.
Македонската полиција активностите во рамки на акцијата ги презема по насоки добиени од јавен обвинител и судија на претходна постапка.