Француската дипломатија изрази целосна солидарност со српскиот народ и властите, изјавија тие, пишува Н1 Србија. Францускиот весник „20 минути“ објави дека меѓу жртвите на нападот во белградското училиште има и еден француски ученик
Меѓу жртвите на пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград има и ученичка од француска националност, соопшти француското Министерство за надворешни работи, пишува Н1 Србија.
„Со тага дознавме за вооружениот напад што се случи во училиштето ‘Владислав Рибникар’ во Белград, кој предизвика голем број жртви меѓу учениците и наставниците, меѓу кои и ученичка од француска националност. Нашите служби и нашата амбасада во Белград се мобилизирани да ја пружат сета поддршка на семејството на нашата млада сонародничка. Мислиме и на семејствата на жртвите, на кои им изразуваме најдлабоко сочувство, како и на многуте повредени, на кои им посакуваме брзо закрепнување“,
објави француското министерство на својата официјална веб-страница.
Француската дипломатија изрази целосна солидарност со српскиот народ и властите, изјавија тие, пишува Н1 Србија. Францускиот весник „20 минути“ објави дека меѓу жртвите на нападот во белградското училиште има и еден француски ученик.
Тринаесетгодишниот К. К., ученик во „Владислав Рибникар“, во средата околу 8 часот со пиштол застрела и уби осум ученици и вработен во обезбедувањето на училиштето. Во пукањето се ранети уште шестмина ученици и наставничка, кои со тешки повреди се пренесени во Клиничкиот центар на Србија, каде што на дел од нив се извршени оперативни зафати.
Осомниченото момче, како што соопшти полицијата, подолго време го планирало нападот. Имал список со имиња и скица, која, како што рекоа од полицијата, изгледала како да е од видеоигра или хорор-филм.
Момчето само се јавило во полиција и пријавило дека пукало, имало список и план, објави српското МВР
Оружјето со кое пукал малолетникот го зел од својот татко, а во ранецот му биле пронајдени и четири молотови коктели.
Од Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Белград соопштија дека осомничениот не подлежи на кривична одговорност бидејќи станува збор за малолетник кој сè уште нема наполнето 14 години.
Обвинителството од Белград: Момчето не може кривично да одговара, нема наполнето 14 години
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на вонредна прес-конференција меѓу другото рече дека до Владата ќе предложи 10 мерки, од кои една е да се ревидира старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години.
Поврзани вести:
- (ВИДЕО) Мајка на ученичка по масакрот во Белград: Моето дете е уште во шок, под адреналин, не можеме да го смириме
- Видов како чуварот паѓа на под, почнав да трчам – исповед на девојче што било сведок на пукањето во училиштето во Белград
- (ВИДЕО) Во пукањето во училиште во Белград убиени осум деца и чуварот – насобраните родители не можат да дојдат до децата
- (ФОТО+ВИДЕО) Со црна јакна на главата, полицијата го спроведе ученикот што пукаше во школо во Белград
- Познат идентитетот на убиецот од Врачар: Коста Кецмановиќ, кој уби најмалку шест соученици, учествувал на многу училишни натпревари
- Шестмина починати во пукањето во училиштето во Белград, учениците во шок: Сите почнаа да викаат, настана паника
- Малолетник влегол во училиште во Белград и почнал да пука, има починати и повредени
- Состојбата на ранетите во трагедијата на Врачар е подобра, вели директорот на Клиничкиот центар на Србија
Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC