Меѓу пациентите кои во последните 24 часа починале поради ковид-19 има и 35-годишно лице кое починало во ГОБ „8 Септември“, информира Министерството за здравство.
Од петтемина починати, тројца пациенти се од Скопје, еден е од Тетово и еден пациент е од Ресен.
Во ГОБ „8 Септември“ починал и 65-годишен пациент.
Во Клиничката болница во Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во Клиничката болница во Тетово е починат пациент на 51 година. Вонболнички услови е починат пациент на 77 години.
Во последните 24 часа направени се 1 612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19.
Направените 1.612 теста се преку: ИЈЗ-452, ЦЈЗ Скопје-16, Авицена-238, Биотек-143, МАНУ -155, Клиника „Жан Митрев“-243, Систина со PCR-метода-169, Судска медицина-35, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-106. Досега во земјата се направени вкупно 83 216 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Од Министерството за здравство информираат и дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, осум деца позитивни и едно суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 пациенти, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се шест пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 284
• Аеродром – 171
• Бутел – 139
• Гази Баба – 202
• Центар – 151
• Карпош – 146
• Сарај – 116
• Кисела Вода – 123
• Ѓорче Петров – 113
• Студеничани – 109
• Шуто Оризари – 97
• Арачиново – 32
• Илинден – 21
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 13
• Зелениково- 12
• Странец – 7
• Нераспределен – 69.