Според него, Таравари не треба да ја крие понудата од ДУИ, туку треба да биде искрен и тоа јавно да го објави
Најголем дел од членството на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари сакаат да останат со ВЛЕН, рече во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, првиот вицепремиер и министер за животна средина од редовите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити.

Посочи дека Демократската унија за интеграција (ДУИ) прееку понуди за соработка се обидела да ја го поткопа единството на коалицијата ВЛЕН.
„Првпат ќе го кажам тука, понудата да се вратам во ДУИ, да се расцепи ВЛЕН не е дадена прво на Таравари, туку кај мене. Не директно, туку преку посредници. Ги прочитав дека имаат друга мисија, односно дека целта им е како да се подели ВЛЕН. Но, видоа дека кај мене не поминува тоа“,
рече тој.
Според него, Таравари не треба да ја крие понудата од ДУИ, туку треба да биде искрен и тоа јавно да го објави.
„Дел од неговите членови ќе се пасивизираат, дел ќе останат во ВЛЕН, но убеден сум дека нема да гласаат за ДУИ“,
вели Меџити.
Смета дека Таравари односите со ДУИ ги крие под превезот дека ќе оди сам на претстојните локални избори.
„Идејата е тоа да се прикаже пред јавноста дека ќе оди сам, а со договор под маса со Ахмети, да се поддржат во петте општини на Таравари, а тој да помогне во Чаир контра мене, во Тетево контра Касами“,
кажа тој.
Меџити во интервјуто, неколку пати ја истакна важноста на единството во рамки на коалицијата ВЛЕН.
Меџити досега неколку пати го повика својот коалициски партнер, министерот Арбен Таравари, да одлучи дали ќе соработува со Демократската унија за интеграција (ДУИ) или ќе остане во ВЛЕН и во Владата.
Најави дека од коалицијата ВЛЕН ќе произлезе нов политички субјект.
Ова уследи по одлуката на централното претседателство на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, кое одлучи на претстојните локални избори да понуди сопствени листи со кандидати за советници.
Таравари по седницата рече дека оваа одлука нема да придонесе за промени, односно дека остануваат како партија во рамки на коалицијата ВЛЕН и во состав на Владата.