Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13 за перење пари и за примање награда за противзаконито влијание и Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластувања.
Денеска Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција треба да започне со презентација на материјалните докази. Помеѓу доказите се и снимките што ги објавуваше италијанскиот весник „Ла Верита“.
Вчера сведочеа и последните сведоци од листата на Обвинителството, меѓу кои беа пријателките на Јовановски, Лила Стојаноска и Мери Дика, управителка на фирма од која обвинетиот купувал мебел, Лидија Младеновиќ, продавачка во салон за мебел, Весна Костовска, и Сања Димовска која беше шефица на кабинет на поранешната специјална обвинителка.
Откако ќе се изведат материјалните докази на Обвинителството, потоа во судскиот процес ќе се повикуваат сведоците предложени од одбраната, а ќе се изведуваат и материјалните докази што
Што се случуваше на претходните осум можете да прочитате во сумираните извештаи на „360 степени“:
Судење за „Рекет“ – чин втори (ВИДЕО)
Судење за „Рекет“: „Обвинителот Боки“ и „госпоѓата Јанева“ низ сведочењето на Камчева
Судење за „Рекет“ – „Поштенска банка“ влезе во записниците
Судење за „Рекет“ – „Прокуристот“ Боки 13 во улога на уредник и домаќин на политичари
Рустеми за „Поштенска банка“: Апсурдно беше да се затвори предметот со спогодба