Министерството за култура на Мароко го обвинива производителот на спортска опрема „Адидас“ за „присвојување“ на мароканската култура поради дизајнот на новиот дресови на Фудбалската репрезентација на Алжир
Во име Министерството за култура, млади и комуникации на Мароко, адвокатот Мурат Елајоути испратил писмено предупредување до германскиот производител на спортска опрема „Адидас“. Во него тој ја алармирал компанијата дека направила:
„Обид да украде дел од мароканското културно наследство и да го употреби надвор од контекст, што влијае на загуба и дисторзија на идентитетот и историјата на споменатите културни елементи“,
напиша Елајоути на својот Фејсбук профил.
Причината за ваквата реакција на Мароко е новиот дрес на Фудбалската репрезентација на соседот Алжир. При неодамнешната промоција „Адидас“ сподели дека дресот е инспириран од палатата Мечуар во Алжир.

Но, шарата со сина, цијан и жолта боја е честа во мароканските мозаици и се нарекува „зелиџ“. Затоа и тамошното министерство бара од „Адидас“ да ги повлече.
Историја на конфликти меѓу соседите
Адидас засега нема одговорено на прашањата на повеќе светски познати редакции. Адвокатот на Министерството за култура на Мароко, пак, веќе најави дека му дава рок на „Адидас“ од две недели за да ги повлече дресовите. Потоа, веројатно би следела и формална тужба.
Алжир и Мароко имаат околу 2 000 километри заедничка граница, која често е извор на тензии од нивното осамостојување од француската колонијална власт. Во 1963 ја водеа т.н. „Песочна војна“, бидејќи Мароко полагаше право на делови од Алжир. Потоа, Алжир ја поддржа кампањата за независност на Западна Сахара од Мароко, што доведе до војната за Западна Сахара од 1975 до 1991 година.
Последниот „судир“ меѓу двете држави е од лани, кога Алжир ги прекина дипломатските односи со својот сосед, обвинувајќи го Мароко за „непријателски акти“. Марако го нарече чекорот „целосно неоправдан“.