Градските власти денеска соопштија дека се надеваат дека ќе евакуираат 6 000 луѓе, а украинската вицепремиерка Ирина Верешчук рече дека приоритет ќе имаат жените, децата и постарите лица
Десеици цивили денеска со малиот конвој автобуси се евакуирани од опколениот пристанишен град Мариупол во јужна Украина.
Градоначалник Вадим Бојченко најави претходно дека коридорите за евакуација меѓу Мариупол и Запорожје ќе бидат отворени во 14:00 часот по локално време.
Ројтерс јавува дека луѓето заминале од планираната точка за евакуација.
Градските власти соопштија дека се надеваат дека ќе евакуираат 6 000 луѓе, а украинската вицепремиерка Ирина Верешчук рече дека приоритет ќе имаат жените, децата и постарите лица.
Но, заменик-градоначалникот на градот, Сергеј Орлов, изјави за Би-би-си дека е премногу рано да се каже дали хуманитарниот коридор ќе биде успешен.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да ги замени руските воени заробеници за безбедна евакуација за цивилите и украинските војници од Мариупол.
Зеленски рече дека има околу 1 000 цивили кои се засолнети во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол и додаде дека ситуацијата во опколениот град се влошува, со стотици ранети.
Претходно, прес-секретарот на Кремљ, Дмитри Песков, ја обвини Украина дека ги кочи мировните преговори. Песков рече дека топката е на теренот на Киев откако Русија и предала документ на Украина.
Повикувајќи се на изјавата на Песков, Зеленски рече дека ниту видел ниту слушнал за документ во врска со мировните преговори.