На својот фејсбук-профил, Маричиќ ѝ посака добредојде на претседателката на Европската комисија
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ попладнево ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

На својот фејсбук-профил, Маричиќ ѝ посака добредојде на претседателката на Европската комисија.
„Добре дојде во Скопје за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од каде што ја започнува турнејата низ Западен Балкан. Посетата е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и е во клучен момент за нашиот евроинтегративен процес. Имаме важни прашања кои треба да ги отвориме за реформите и обврските пред завршувањето на скринин-процесот и пред објавата на годишниот Извештај за напредокот за 2023 година. На утрешниот состанок очекувам корисна и плодна дискусија фокусирана на следните чекори и планови за брз напредок кон полноправно членство во ЕУ,
напиша Маричиќ.