Во дебата на „360 Степени“, посебниот советник на премиерот за евроатлански интеграции, Бојан Маричиќ, зборуваше за првите критики од EУ до новата Влада, меѓу кои и за разрешувањата направени во првите месеци од преземањето на власта.
– Генерално, комуникацијата со Европската комисија е постојана, и со делегацијата во Скопје, и во Брисел, на нашата мисија со тамошните институции. Ако треба да ги констектуализираме овие критики, тие се лоцирани некаде веднаш по вториот круг на локалните избори. Од тогаш многу работи се имаат случено и направено во рамките на она што се дискутирало, видовме кои беа пораките од посетата на еврокомесарот Хан, ситуацијата е доста подобрена. Таа комуникација ќе продолжи и во иднина. Владата постојано дава објаснување за овие прашања. Во текот на летото Владата објаснуваше кои луѓе биле сменети, на кој начин и на која основа. Дека сето тоа е законски поткрепено и дека никој од нив нема изгубено работа, туку тоа се луѓе кои имале функции и тие функции не им биле постојана работа, туку повремено ги вршеле, како членови на управни одбори, директори итн. И можеби не беа задоволни од деталноста на тие објаснувања, или беа заинтересирани поединечно за одредени институции, но тие консултации се во тек и Владата подготвува и комуницира со комисијата детални податоци за да излезе во пресрет на нивните очекувања – вели Маричиќ.
Тој коментираше и за барањето од Брисел да не биде сменет директорот на Агенцијата за медиуми, Зоран Трајчевски, како и директори на други регулаторни тела.
– Во принцип, она што го бара ЕК и што е определба на Владата, е секој да биде сменет со одредено образложение и темелна анализа. И тоа е принцип коишто ние како Влада го прифаќаме и така и ќе биде во иднина. Мислам дека е тоа повеќе отколку заштита на поединечни луѓе во системот – вели Маричиќ.
Напишете коментар