Според Манасиевски, Филипче веднаш се ставил „на располагање“ на бугарскиот претседател Румен Радев и директно изјавил дека доколку „тој биде на власт, секое едно барање на Бугарија, тој за власт секако дека ќе го исполни“

Филипче директно да одговори со што е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика. Ова е прашањето што членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција го упати до лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Според Манасиевски, на сите им е јасно дека Филипче е корумпиран политичар, полн со криминали, афери и скандали.
„Во тотална безидејност за политичкото делување, СДС и Филипче ги бранат бугарските, наместо македонските интереси. Единствен но, и најгласен во државата кој бара спроведување на бугарските барања е токму Венко Филипче. Ова го прави само уценет политичар“,
рече Манасиевски.
Тој додаде дека Филипче е само продолжение на политиките на неговиот претходник Зоран Заев. Вели дека рејтингот на лидерот на опозицијата е само три отсто и оти е понизок од тој на самата партија.
„И тој истиот се дрзнува да говори за евроинтегративниот процес на државата, но веќе и граѓаните не се чудат на неговите говори, бидејќи од него и не се очекуваат некакви резултати“,
додаде Манасиевски.
Според Манасиевски, Филипче веднаш се ставил „на располагање“ на бугарскиот претседател Румен Радев и директно изјавил дека доколку „тој биде на власт, секое едно барање на Бугарија, тој за власт секако дека ќе го исполни“.
Од владејачката партија сметаат дека ваквите ставови на СДСМ може да доведат до нивно исчезнување од политичката сцена во државата.
„За среќа на македонскиот народ, Венко Филипче и СДС нема да дојдат на власт, затоа што со овие антидржавни политики и ненаучени лекции одржани од страна граѓаните, на следните избори ќе станат маргинална партија, а веќе на изборите по тие, може и да исчезнат од политичката сцена“,
кажа Манасиевски.
Критиките од ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат по прес-конференциите и изјавите на Филипче дека владата треба што поскоро да ги откочи евроинтеграциите на земјата и да ги направи уставните измени.
