Тој повтори дека Израел има правото да се брани, но нагласи дека правото на одбрана не дава право на кој било начин да се напаѓаат цивили
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека за целосно уништување на Хамас ќе биде потребно да се води војна уште десет години и додаде дека Израел треба дополнително да ја дефинира својата крајна цел.

Говорејќи на прес-конференција на климатските разговори КОП 28 во Дубаи, Макрон рече дека ќе отпатува во Катар за да работи заедно на ново примирје што е можно поскоро, пренесува Си-ен-ен.
Макрон рече дека треба да има траен прекин на огнот.
„Мислам дека сме во момент кога израелските власти ќе треба попрецизно да ја дефинираат својата цел и конечниот исход што се обидуваат да го постигнат. Што значи целосно уништување на Хамас? Дали некој мисли дека тоа е можно?“,
рече Макрон.
Тој повтори дека Израел има правото да се брани, но нагласи дека правото на одбрана не дава право на кој било начин да се напаѓаат цивили.
Израел во вчера го отповика својот тим преговарачи од Катар откако дојде во ќор-сокак во разговорите, се вели во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
По седумдневното примирје, во петокот Израел продолжи со нападите врз Газа како одговор на упадот на Хамас на израелска територија на 7 октомври.
Израел објави дека целта му е целосно уништување на Хамас, кој е на власт во Појасот Газа.