Последниот што официјално ја посетил Германија е Жак Ширак во 2000 година

Претседателот на Франција, Емануел Макрон допатува во Германија, што претставува прва официјална посета на еден француски претседател 24 години. Последен кој го направил тоа е Жак Ширак, кој ја посети Германија во 2000 година.
Според Асошиејтед прес, оваа посета би требало да ги нагласи цврстите односи помеѓу водечките европски сили.
Оваа посета на Макрон требаше да се случи во јули 2023 година, но беше одложена поради нередите во Франција откако полицијата уби 17-годишен тинејџер.
Емануел и првата дама Брижит се гости на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.
Францускиот претседател за време на тридневната посета ќе отпатува во Берлин, Дрезден и Минстер.
За в понеделник е предвидена средба со канцеларот Олаф Шолц во владината резиденција.