Макрон е првиот западен политичар кој разговарал со Путин по неговата меѓународно осудена наредба за инвазија на Украина
По инвазијата на Украина од страна на руските трупи, рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со неговиот француски колега Емануел Макрон, соопшти Кремљ.
Имаше „сериозна и искрена размена на мислења за ситуацијата во Украина“, пренесува ДПА.
Путин детално ги објаснил причините за инвазијата, се додава во соопштението. Двајцата претседатели се согласиле да останат во контакт.
Макрон е првиот западен политичар кој разговарал со Путин по неговата меѓународно осудена наредба за инвазија на Украина. Телефонскиот разговор се одржал по иницијатива на Париз.
Од Елисејската палата пак, информираат дека францускиот претседател Емануел Макрон во телефонскиот разговор побарал од рускиот претседател Владимир Путин веднаш да ги прекине воените операции во Украина, пренесува „Национал пост“.