Францускиот претседател Емануел Макрон утринава го потпиша законот за пензиски реформи со кој старосната граница за државна пензија се зголемува од 62 на 64 години. Непопуларното законско решение, кое предизвика масовни протести во Франција, беше потпишано само неколку часа по одлуката Уставниот совет кој ја одобри реформата. Советот ги отфрли повиците на опозицијата за референдум, но исто така отфрли некои делови од реформата повикувајќи се на правни недостатоци.
Одлуката на Советот ги разлути активистите кои повторно излегоа на улиците и фрлаа димни бомби, палеа електрични тротинети и контејнери.

Синдикатите ветија дека ќе продолжат да се спротивставуваат на реформите и ги повикаа работниците во Франција да се вратат на улиците на 1 мај.
Пензиската реформата треба да стапи во сила од 1 септември, а објаснувањето на власта за воведувањето е да не дојде до колапс на пензискиот систем.