Францускиот претседател Емануел Макрон излезе на теренот по финалето на Светското првенство за да им даде поддршка на фудбалерите кои изгубија од репрезентацијата на Аргентина. Макрон на Твитер ја честита победата на Аргентина, а за фудбалската репрезентација на Франција напиша „Сините ни овозможија да сонуваме“.
„Честитки за француската репрезентација за кариерата и борбеноста на овој мундијал. Ја воодушевивте нацијата и поддржувачите ширум светот. Честитки до Аргентина за победата“
напиша Макрон.
Bravo à l'équipe de France pour son parcours et sa combativité dans cette Coupe du Monde. Vous avez fait vibrer la Nation et les supporters du monde entier. Félicitations à l'Argentine pour sa victoire.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) December 18, 2022
Аргентина вечерва стана светски шампион, победувајќи ја француската селекција (3:3, 4:2 – на пенали) во финалето на Светското првенство во 2022 година во Катар.