Заради поголема безбедност, францускиот претседател Емануел Макрон повика на детална ревизија на шенген-зоната за слободно движење во Европа.
„Апелирам на ревизија на шенген-зоната и поголема контрола“,
истакна денеска Макрон за време на посетата на француско-шпанската граница на превојот Ле Пертис.
Следниот месец, најави тој, ќе ги изнесе неговите предлози до Европскиот совет.
Макрон, исто така, најави двојно зголемување на силите што ја контролираат француската граница, од 2 400 на 4 800, во рамки на борбата против тероризмот, трговијата со луѓе и илегалната миграција.
„Таква одлука е донесена поради интензивираните закани по неодамнешните напади, вклучувајќи го и нападот во Ница“,
нагласи францускиот претседател.
Renforçons notre sécurité.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) November 5, 2020
Refondons Shengen. pic.twitter.com/hInm8YMmlo
Во нападот во Ница на 29 октомври загинаа три лица, а друг инцидент тогаш полицијата уби вооружен напаѓач кој им се закануваше на минувачите во Авињон.
Десетина дена претходно, пак, во предградие на Париз беше обезглавен наставник по историја кој им покажувал на учениците карикатури од пророкот Мухамед.
Европа во понеделникот ја потресе уште еден терористички напад. Тој се случи во Виена, Австрија, кога беа убиени 4 лица. Еден од напаѓачите, кој беше убиен од полицијата, е момче со родено во Австрија, со двојно државјанство од кои едното македонско. Потоа беше објавена информацијата дека вкупно тројца на списокот осомничени на австриската полиција имале и наше државјанство.