Претседателот на Единствената горанска партија, Адем Хоџа, изрази поддршка за формирањето на новата косовска влада предводена од лидерот на Самоопределување, Албин Курти.
Хоџа oвој став на партијата ѝ го соопштил на вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи, на средбата што денеска ја оствариле во нејзиниот кабинет.
По средбата, Хоџа изјави дека Горанците се соочуваат со многу предизвици.
„На Османи ѝ ги претставив проблемите на нашата заедница. Наидов на разбирање од неа и можам да кажам дека состанокот беше плодотворен и очекувам тие предизвици со кои се соочуваме да бидат надминати“,
рече Хоџа.
Во областа Гора на Косово, на падините на Шар Планина, распослани се десетина села населени со Македонци познати под името Горанци.
Во новиот состав на косовскиот парламент, во десетте загарантирани пратенички места за немнозинските заедници, место обезбеди и партијата Единствена горанска партија, а пратеник ќе токму претседателот на партијата, дипломираниот инженер Адем Хоџа.