Настапот на Европското првенство ракометарите го започнаа со пораз од Словенија 25 спрема 27
Македонската ракометна репрезентација загуби од Словенија со 25 спрема 27 во првиот натпревар на Европско првенство во Унгарија.
Претходно стигна и разочарувачката вест дека Кирил Лазаров, кој е и тренер и играч, нема да игра, откако на првиот официјален тренинг на репрезентацијата во Дебрецин се повреди и ќе мора да паузира три недели, односно до крајот на првенството.
Следниот натпревар македонската репрезентација го игра в сабота во 18 часот против Црна Гора, а в понеделник игра со главниот фаворит на турнирот – Данска.