По нерешените 14-14 на полувреме, второто полувреме се играше гол за гол. Филип Кузмановски погоди за 26-27 на минута и пол до крајот, а Митревски го одбрани следниот напад на Унгарците. Сепак Македонија ја загуби топката заради пасивен напад, а Унгарците преку Илиќ израмнија на 27-27 во последните секунди
Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено на првиот натпревар од Светското ракометно првенство.
Македонските репрезентативци одиграа 27:27 (14:14) со Унгарија во салата во Вараждин, каде имаа голема поддршка од македонските навивачи.
Голманот Никола Митревски го заврши мечот со 12 одбрани.
По нерешените 14-14 на полувреме, второто полувреме се играше гол за гол. Филип Кузмановски погоди за 26-27 на минута и пол до крајот, а Митревски го одбрани следниот напад на Унгарците. Сепак Македонија ја загуби топката заради пасивен напад, а Унгарците преку Илиќ израмнија на 27-27 во последните секунди.
Најефикасни во нашиот тим беа Кузмановски со десет и Митев со три гола, а кај Унгарија Илиќ постигна шест гола.
Во следното коло, Македонија во петок игра со Холандија, а Унгарија ќе ги измери силите со репрезентацијата на Гвинеја.