Информацијата прв ја објави Аеро.рс, кој е дел од еден од најголемите портали во соседна Србија, Телеграф.рс
Се повикуваат на Твитер пост на американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот, во кој тамошната федерална агенција ја известува јавноста дека номинирала член кој ќе и помогне на Северна Македонија во истрагата на инцидентот
Македонија, а не Грција, ќе биде надлежна да ја води истрагата за инцидентот со летот на „Рајанер“ од Солун до Меминген, при што еден патник беше во животна опасност да биде „вшмукан“ надвор од авионот. Тоа е веста која ја објави Аеро.рс, специјализиран портал за авијација во рамки на Телеграф.рс, еден од најголемите српски сајтови.
Иако летот тргнал од Грција, завршил во Грција и авионот формално се наоѓа во Грција, Македонија е задолжена да ја води истрагата бидејќи инцидентот се случил над нејзина територија, согласно ИКАО правилата. Потврдата за такво нешто, српскиот медиум ја ноаѓа во објавата на Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) на САД – независна федерална агенција надлежна за истраги во цивилни транспортни несреќи.
The NTSB has appointed an Accredited Representative to assist the Republic of North Macedonia with its investigation into the Ryanair accident over North Macedonia, Friday.
— NTSB Newsroom (@NTSB_Newsroom) July 10, 2026
Per international protocols under the International Civil Aviation Organization's Annex 13, all…
„НТСБ назначи акредитиран претставник кој ќе и помогне на Република Северна Македонија во истрагата за несреќата на летот на „Рајанер“ над Северна Македонија во петокот. Согласно меѓународните протоколи на Меѓународната организација за цивилна авијација (ИКАО), Анекс 13, сите информации за истрагата ќе бидат обезбедени од страна на Република Северна Македонија“
се вели во постот на „Х“ на НТСБ.
Според Аеро.рс, согласно меѓународните протоколи, тоа не значи дека земјава ќе ја води страгата сама. Истражниот тим, во случајот, се очекува дека ќе го сочинуваат:
- Северна Македонија, како држава над која се случил инцидентот;
- Грција, бидејќи авионот се наоѓа во Солун, каде и ќе се прави техничкиот преглед и прегледот на снимачите на летот;
- Малта, како држава на регистрација на воздухопловот и држава на операторот (летот го извршувала Малта Ер, членка на Рајанер);
- САД, како држава каде е проектиран и произведен авионот кој е дел од инцидентот, Боинг 737;
- Боинг, преку технички советници и стручна помош како производител;
- ЦФМ Интернационал, производител на моторот на авионот.
Нови слики и видеа од авионот
Грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на извори од аеродромот во Солун, објави дека авионот што летал на релација Солун – Меминген се соочил со дефект додека летал над Македонија по што се вратил на аеродромот во Солун. При спуштањето се откачил дел од моторот кој повредил еден од патниците. Медиумот објави и соопштение на компанијата „Рајанер“ во кое, пак, се вели дека еден прозорец се откачил уште за време на летот.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се објавени фотографии од оштетувањата на моторот и од оштетениот прозорец, по слетувањето на авионот.


Македонски и српски портали објавија дека повредениот патник е српски државјанин и пренесуваат шокантни сведоштва од авионската кабина. Во моментот кога се скршил прозорецот, патникот најблиску до него бил вовлечен кон надвор поради декомпресија. Дел од телото му било надвор, но не испаднал целосно бидејќи појасот му бил врзан, а го држеле и сопругата која била до него и уште двајца други патници кои дошле на помош. Патникот, според последните информации, се наоѓа во болница во Солун.
На социјалната мрежа „Х“ се објавени нови фотографии и видеа од внатрешноста на авионот по инцидентот, а пред слетувањето, а на кои може да се види и патникот откако опаноста поминала.
https://t.co/irpmyrhulK – Exclusive new video: This is the passenger from the terrifying Thessaloniki–Munich flight – https://t.co/TLuPz89XmJ#RThess #Θεσσαλονικη #Thessaloniki pic.twitter.com/i7pSUMbRB4
— Rthess.gr (@RThessaloniki) July 10, 2026
