Две лица се пронајдени починати во својот дом во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
На 3 јануари околу 20:26 часот во полициска станица во Скопје било пријавено дека две лица во дом на улицата „Призренска“ се пронајдени починати.
Станува збор за мајка и син на возраст од 91 и 57 години.
„Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција“,
велат од Министерството за внатрешни работи.
