Во провалијата паднале од патеката што води кон манастирот „Свети Илија“ во Струмичко
Мајка и дете рано утринава се извлечени од провалија покрај патеката што води кон манастирот „Свети Илија“ во Струмичко. Спасувачката акција на струмичките пожарникари започанала утринава околу 5:15 часот, кога тим од Територијалната противпожарна единица Струмица бил испратен на местото на настанот.

„По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите со употреба на соодветна спасувачка опрема успешно ги извлекоа двете лица од непристапниот терен и ги предадоа на екипа на Итната медицинска помош за понатамошен преглед и згрижување. Благодарение на брзата, професионална и координирана реакција на спасувачките екипи, интервенцијата заврши успешно“,
соопштија од ТППЕ Струмица.
Оттаму апелираат граѓаните кои ги користат трим-патеките и планинските патеки да бидат особено внимателни, особено рано наутро и во ноќните часови.
