Во Мадрид ќе стопира процесот на вакцинација против ковид-19, бидјеќи нема доволно вакцини.
Како што соопштија локалните власти, процесот на вакцинација се стопира до следната седмица. Властите ја прекинаа вакцинацијата за новите приматели на прва доза.
Досега во главниот град на Шпанија се вакцинирани околу 180 000 лица, а повеќе од 1,3 милиони граѓани на територијата на цела Шпанија.
Со слична одлука излегоа и властите на Чешка, тие планираат на две недели да ја одложат вакцинацијата со првата доза, поради недостиг на вакцини.
Како и останатите европски земји, Чешка, исто така, се пожали на намалување на испораките на вакцината, која ја развија компаниите Фајзер/БиоНТек.
Во Чешка досега се заразени над 956 000 луѓе, а од последици на коронавирусот починале околу 15 800 пациенти.