Во случај Киев да почне војна против Донбас, проруски сепаратистички регион во источна Украина, белоруската армија ќе дејствува на ист начин како и руската армија, најави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во интервју за руски медиум.
„Ако тие (Украина) почнат да се борат против нас или против Русија, тогаш и ние ќе се бориме и ќе се браниме“,
посочи Лукашенко.
На прашањето да прецизира како белоруската армија ќе се однесува во случај на воена акција против Донбас, тој одговори дека тоа ќе го направат на ист начин како и руската.
За тоа, пак, против кого се насочени тековните воени вежби на Русија и Белорусија, Лукашенко одговори дека доколку биде потребно ќе бидат насочени против Украина и против НАТО.
Руски трупи почнаа да пристигнуваат во Белорусија кон средината на јануари за да учествуваат во проверка на силите за реакција во заедничка вежба што ќе трае од 10 до 20 февруари.