Граѓаните на Велика Британија кои живеат во ЕУ да можат да влезат и да ја напуштат Шенген зоната без да добијат печат во пасошот ако докажат дека живеат во земјата – домаќин
Граѓаните на Велика Британија кои живеат во ЕУ треба да можат повторно да влезат во Шенген зоната без печат – но тоа не се случува секогаш.
Политико.еу пишува дека Лондон алармира на се поголем број случаи кога нивни државјани на излез од ЕУ добиваат печат во пасошот, што е спротивно на договорот за Брегзит, кој предвидува граѓаните на Велика Британија кои живеат во ЕУ можат да влезат и да ја напуштат Шенген зоната без да добијат печат во пасошот ако докажат дека живеат во земјата – домаќин.
Ова може да се направи, на пример, со покажување на картичка за престој или доказ дека сте побарале дозвола за престој.
Лондон се повикува на пријави за вакви случаи во Франција, Германија и Холандија, каде граничните службеници инсистираат на печат во пасошите на сите Британци.
Иако печатот ставен во овие околности ќе биде прогласен за неважечки, британските власти сметаат дека ова може да доведе, недоволно информирани вработени во пограничните служби да ги мешаат овие луѓе кои се жители со туристи.
Ова може да доведе до прашања во врска со нивното право да останат во Шенген зоната по тримесечното патување без визи, договорено меѓу ЕУ и британската влада.
„Додека гледав како раката на службеникот покажува кон печатот, објаснив дека во мојот пасош не треба да се става печат, бидејќи имам холандска дозвола за престој. Сепак, службеникот инсистираше на тоа дека секој британски пасош, без оглед на престојот во ЕУ, мора да биде со печат и ова е по наредба на шефот“,
се вели во изјавата на еден Британец кој има дозвола за престој во Холандија.
Збунетоста околу новите правила се однесува и на превозниците, па на десетици граѓани на Велика Британија кои престојуваат во ЕУ им било забрането да се качуваат на летовите од аеродромите во Велика Британија.
Поради ваквата конфузија, Британците во Европа ги повикуваат земјите од ЕУ да обезбедат граничните полицајци да бидат целосно информирани за влезните правила според Договорот. Од Европската комисија се бара да преземе нешто за ваквите случаи и за ова прашање да се дискутира на следниот состанок ЕУ-Велика Британија. Специјализиран комитет за правата на граѓаните на 27 февруари.
Покрај тоа, крајниот рок за граѓаните на ЕУ кои престојуваат во Велика Британија за да може да аплицираат за статус на престој е до 30 јуни, така што многумина немаат таква документација, но има информации дека тие веќе го побарале тоа.
Британската владина канцеларија за надворешни работи заега не го коментира овој проблем, но го решава билатерално преку својата дипломатска мрежа. Британските амбасади во Холандија и Франција на своите канали на социјалните мрежи соопштија дека работат со националните власти за да се осигура правилата да бидат добро применети.