Реакцијата на министерот за правда следува откако Уставниот суд на вчерашната седница го поништи упатвото за водење матични книги, кое во мај годинава беше донесено од министерството на Лога. Причината за ваквата одлука, како што соопштија од Судот, е поради пречекорување на уставниот рок во кој упатството требало да се објави во „Службен весник“
Министерот за правда Кренар Лога синоќа преку својот фејсбук-профил ја поздрави одлуката на Уставниот суд за поништување на упатството за водење на матичните книги со кое се воведе графа за етничката припадност.
Во објавата, Лога кусо напиша:
„Ја поздравувам одлуката на Уставниот суд и очекувам Судот да постапува по службена должност ажурно и за останатите прописи каде што е прекршен уставниот рок за објавување во ‘Службен весник’“.
Неговата реакција следува откако Уставен на вчерашната седница го поништи упатсвото за водење матични книги, кое во мај годинава беше донесено од министерството на Лога. Причината за ваквата одлука, како што соопштија од Судот, е поради пречекорување на уставниот рок во кој упатството требало да се објави во „Службен весник“.
Правда го донесе упатството за водење на матичните книги со додадена графа за етничка припадност на 29 мај годинава, а актот беше објавен во „Службен весник“ на 15 јуни, односно 17 дена од неговото усвојување, или поконкретно – 10 дена од истекот на предвидениот уставен рок за оваа процедура.
Уставните судии изразија сомнеж во уставноста на ова упатство и покренаа иницијатива за проверка на законитоста, а во меѓувреме, на 5 јули, Судот донесе времена мерка со која го стави надвор од употреба упатството на Лога додека не се донесе конечна одлука за предметот.
Откако Судот во јули ја донесе времената мерка со која упатството се стави надвор од употреба, министерот за правда поднесе неколку иницијативи до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на други прописи донесени од институции кои не го испочитувале рокот за објава во „Службен весник“.