Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, во одговор на новинарско прашање истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто лустрираше уметници, писатели како Славко Јаневски, а великанот Блаже Конески го нарекувале „џуџето од Небрегово“.
Таа истакна дека нападите од опозициската партија кон министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска се произволно толкување на нејзината изјава од нивна страна.
„Политиките што се реализираат во културата ја поттикнуваат слободата на уметничкото изразување“,
истакна Кузеска.
Кузеска истакна и дека проектите во културата и тоа како ја поттикнуваат слободата на уметниците и тие дела и тие проекти зборуваат сами за себе.