СДСМ го честита Денот на сесловенските просветители нагласувајќи дека благодарение на нивните државнички одлуки, македонскиот јазик е официјално признаен во Европската Унија
По повод Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, одржа прес-конференција на која ја истакна важноста на нивното дело како основа за македонскиот јазик, идентитет и култура. Таа порача дека сегашните и идните генерации имаат трајна обврска да го негуваат ова историско наследство.

Осврнувајќи се на политичките достигнувања, Кузеска потенцира дека преку владите на СДСМ била покажана вистинска грижа за културното наследство преку носење храбри и државнички одлуки. Како најголем успех таа го посочи договорот со Фронтекс, преку кој македонскиот јазик стана официјално признаен и рамноправен во Европската Унија, потпишан без фусноти и без додавки од страна на сите земји членки.
„Признаваат и дека членството во НАТО е добро за државата и за безбедноста на граѓаните. Тоа се факти кои никој повеќе не може да ги негира. За жал, загубивме години кои не смееме повеќе да ги губиме. Патриотизам не е создавање поделби меѓу граѓаните, изолацијата не носи добро на ниту еден народ“,
рече Кузеска.
Кузеска заклучи дека вистинскиот патриотизам не смее да се базира на поделби и изолација, кои не носат ништо добро, туку на обезбедување сигурна иднина и рамноправно место на Македонија меѓу европските народи.
