Односите меѓу Белград и Приштина повторно се затегнаа откако во сила стапи одлуката за пререгистрација на возилата на Србите на Косово и употребата на косовски регистерски таблички. Претставниците на Србите на Косово ги напуштија сите политички институции
Косовскиот премиер Албин Курти со остра реакција кон српскиот претседател, Александар Вучиќ и претставници на српската влада по одлуката на претставниците на Србите на Косово да ги напуштат сите институции.
Курти порача дека Вучиќ ги излажал и разочарал Соединетите Американски Држави и Европската Унија, додавајќи дека тој многу често се координирал со рускиот амбасадор во Србија.
„Изгледа дека поранешниот порптарол на партијата на Милошевиќ, а сега министер за надворешни работи на Србија е помоќен од поранешниот министер за информирање на Милошевиќ. Овае нивна лична борба за власт, не е ниту за граѓаните, ниту за државата“,
напиша Курти на социјалната мрежа Фејсбук.
Тој ги повика Србите на Косово да останат смирени.
„Не сум јас против вас, но Белград е против мене. Јас сум премиер кој ќе ви служи, почитувајќи го Уставот. Моите приоритети се борбата против корупцијата и економскиот развој, вработување, еднаквост и благосостојба на сите, без оглед на етничката припадност. Не бојкотирајте и не ги напуштајте косовските институции. Тие им случат на сите нас, на сите вас. Не паѓајте на политички манипулации и геополитички игри“,
вели Курти.
Тој објави дека до денеска издадени се 843 косовски таблички за автомобили, а вели дека досега немало инциденти, ниту се поднесени некакви жалби.
„Така ќе продолжиме во наредните три недели, односно до 21 ноември, кога почнуваат казните кои се предвидени со закон. Во меѓувреме, граѓаните со нелегални таблички ќе можат да ги претворат во легални на Република Косово со огромни даночни олеснувања“,
напиша Курти.
Претставниците на Србите на Косово денеска ги напуштија сите косовски институции во знак на револт, велејќи дека Приштина не го почитува Бриселскиот договор.
Премирката на Србија, Ана Брнабиќ, пак, рече дека српската влада стои покрај, како што рече, храбриот и достоинствен народ на Косово, кој само сака да се спроведат потпишаните договори, додавајќи дека Србија останува цврсто посветена на зачувување на мирот и стабилноста во регионот.