Градоначалникот Максим Димитриевски подолго време бара воведување целосен карантин во Куманово
Дури 23 од новите 44 потврдени случаи на ковид-19 во последните 24 часа во земјава се од Куманово. Со тоа, Куманово се изедначи со бројот на заразени со Дебар, каде што исто така досега има 47 заразени.
Со новиот развој на настаните, Куманово дефинитивно станува ново жариште на коронавирусот во земјава, со таа разлика што на териториите на Дебар и на Центар Жупа е прогласена кризна состојба, а во Куманово е забранет јавниот градски и меѓуградски патен и железнички сообраќај.
Градоначалникот Максим Димитриевски подолг период бара ставање на Куманово под целосен карантин. Последната мерка што ја презеде првиот човек на општината за да го намали ширењето на вирусот беше затворањето на градскиот пазар.
*поврзана вест (ВИДЕО) Репортажа од Куманово, трет град по број на заразени, градоначалникот бара целосен карантин
Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се направени 392 тестирања и дека од новите 44 случаи, освен 23 во Куманово, во Скопје се регистрирани 11, Тетово – 4, Битола- 3, Струга – 2 и во Прилеп еден нов случај.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во:
• Скопје- 175
• Дебар – 47
• Куманово – 47
• Штип- 14
• Тетово – 10
• Прилеп – 10
• Струга – 7 • Велес – 6
• Битола – 4
• Охрид – 3
• Кавадарци – 2
• Гостивар – 1
• Крива Паланка – 1
• Струмица – 1
• Гевгелија – 1
*поврзана вест Нови две жртви и 44 новозаразени во Македонија